Top Sport

Марко исплива 12 километри, се откажа поради болки во ногата

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски поради силни болки во ногата синоќа го прекина соло маратонот во должина од 64 километри кој сакаше да го отплива во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Тој исплива 11 километри и 840 метри за 4 часа и 49 минути, а подвигот го прекина кај Градиште. Целта на Марко беше да се обиде да плива од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид.

И официјално МАРКО само што го започна маратонот! За нас тој е уште сега ПОБЕДНИК?!Секоја ЧЕСТ ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Posted by Marko Pejchinovski on Вторник, 27 август 2019

Овој предизвик за кој професионалците велат дека е извонредно тежок, што го потврдува фактот што никој до сега не го остварил, Марко го посвети на луѓето со ретки болести кои секојдневно се борат за својот живот.

„ Единствено со силна верба човек може да успее во сето она што го сака и затоа Марко не се откажува туку ќе продолжи да ги остварува своите соништа! Марко е оној кој ни покажа на сите нас како се поместуваат границите…за повисоки цели…за ретките! Денес сите да честитаме за успехот на МАРКО и да се приклучиме за подигнување на свеста за лицата со ретки болести!“- напиша Тимот на Марко Пејчиновски.

На 3,5км од почетокот на маратонот.Дестинацијата е вкупно 64км Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид!Среќно и со лесно.

Posted by Marko Pejchinovski on Вторник, 27 август 2019

Фото/OHRIDNEWS.COM

Scroll to Top