Top Sport

„Не можете да очекувате од Азар да биде како Роналдо“

Предраг Мијатовиќ поранешниот ас на „кралскиот клуб“ се сомнева дека Еден Азар може да го достигне нивото на кое што беше Кристијано Роналдо во Реал.

Белгиецот во преодниот рок ја оствари својата желба да го облече белиот дрес. Реал за него издвоија 100 милиони евра.

„Еден Азар е одличен играч без сомнение. Еден е од најдобрите во Европа. Сепак мислам дека од него не можеме да очекуваме да го прави она што го правеше Роналдо. Тоа е невозможно. Не постои фудбалер што може да игра како Роналдо“, рекол Мијатовиќ и дополнил.

„Притисокот што го чувствувате додека го носите дресот на Реал е целосно поинаков од оној што постои кога играте за Челси. Потребно е и време за да се навикнете на тоа“.

Азар се уште не дебитирал за Реал во Ла Лига бидејќи се повреди пред почетокот на сезоната.

Scroll to Top