Мартина Навратилова, една од најдобрите светски тенисерки во историјата, во САД е обвинета за хомофобија. Ова е особено интересно ако се знае дека Навратилова е деклариран припадник на ЛГБТ популацијата.
Сè започна кога турнир за жени над 55 години победник или победничка беше Алиша Раули, трансродова личност која е родена како маж, а потоа одлучила да стане жена.
„Женскиот тенис не е за поранешни мажи, без разлика на нивната возраст. Не е нормално биолошките мажи да се натпреваруваат со жените на рамноправна основа, бидејќи тие се физички далеку посилни. Тоа не е во ред за жените, бидејќи тие се уште се мажи според нивната конституција. Ја поддржувам промената на полот, но никогаш не би се натпреварувала против таква личност“, рече Навратилова.
На говорот на Мартина веднаш реагираше организацијата „Атлети Ели“, која посочи дека ставот на Навратилова е хомофобичен.
Ракел Мекеон, првата трансродова спортистка и светска шампионка во велосипедизам, жестокот ја критикуваше Навратилова.
„Ова е шокантно, вознемирувачко и длабоко хомофобично“.