Тенисерот од Јужна Африка, Кевин Андресон, со победа стартуваше на завршниот Мастерс во Лондон. Андерсон, во првиот меч, во групата „Лејтон Хјуит“, го победи Австрецот Доминик Тим со 2:0.
Андерсон и Тим одиграа одличен меч, во кој Јужно-африкенацот успеа да ги искористи своите шанси. Еден брејк му беше доволен по 42 минути игра да го добие првиот сет со 6:3.
Вториот сет донесе голема борба од 67 минути, а беше решен во 13.игра. Тај-брејкот му припдна на Андерсон со 12:10.
Денешната програма во „О2“ арената во Лондон ќе заврши со мечот помеѓу Роџер Федерер и Кеи Нишикори. Дуелот ќе започне во 21 часот.