Top Sport

Масуњане со супер-нокаут во ОНЕ шампионатот

Азиската ММА промотивна куќа „ОНЕ шампионат“ честопати ни носи спектакуларни моменти, како овој од петокот, кога Јужноафриканецот Бокан Масуњане, попознат по прекарот „Малиот џин“ имаше фантастичен нокаут над филипинскиот предизвикувач Рене Каталан во Сингапур.

Каталон е поранешен шампион во вушу на Филипините и се очекуваше да има најголем проблем со Масуњане со неговите боречки квалитети, но Јужноафриканецот успеа да го изненади со ваков удар.

Со победата Масуњане стана фаворит за појасот во перо категорија.

Scroll to Top