Таканаречениот BMF (Bad Mother Fucker) шампион во УФЦ организацијата, Хорхе Масвидал се пофали со ново видео на својот Јутјуб канал покажувајќи ги неговите спектакуларни способности во удари со нозе со кои стигна до врвот во 2019.
Масвидал уште нема закажано меч во 2020, откако влезе во конфликт со УФЦ со јавните критики за наводно ниските суми кои му биле нудени по нокаутот над Нејт Дијаз на УФЦ 244.
Во обид да го заддржи интересот на својата публика, тој постојано ги известува своите фанови за конфликтот со УФЦ, а сега во видео од две и пол минути покажува колку навистина е моќен со ударите со нозе, со кои ги победи Дијаз, Дарен Тил и Доналд Серон.