Top Sport

Масвидал се збогуваше со УФЦ по поразот од Барнс

По четвртиот пораз во низа, ветеранот Хорхе Масвидал се повлекува од УФЦ, велејќи дека е пресреќен што во кариерата станал милионер. 38-годишниот Масвидал загуби на поени од Бразилецот, Жилберт Барнс со 30:27, 30:27 и 29:28, откако во поголемиот дел од мечот добиваше силни удари со мал одговор. Масвидал се повлекува по 52 меча во кариерата.

„Не се чувствувам исто кога ќе влезам во кафезот. Ве сакам сите, ви благодарам што дојдовте, бидејќи тука во Мајами ја почнав кариерата. Понекогаш твојот омилен кошаркар веќе нема тројки во него, твојот омилен квотербек веќе неема прецизност. Поминаа повеќе од 20 години. Станав мултимилионер, а немав ништо кога почнав. Сега сум во аут“, изјави Масвидал.

Scroll to Top