Top Sport

Математиката на Ѓоковиќ за 2018 е јасна, 1 поен = 2.176 долари

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ годинава што изминува имал заработка од неверојатни 12.609.672 долари од турнирите на кои настапил, што е значително повеќе од конкурентите Надал, Федерер и Зверев и Дел Потро.

Новак Ѓоковиќ според прецизните статистичари годинава одиграл 10.628 поени, од нив освоил 5.796, а што е уште поинтересно, од секој поен заработил по 2.176 долари.

За споредба, Рафаел Надал одиграл вкупно 7.728 поени, а од нив успех покажал кај 4.281. Шпанецот заработил 8.663.347 милиони долари.

На листата следен е германскиот тенисер Александер Зверев со годишна заработка од 7.726.914, Рожер Федерер собрал 7.599.233, Хуан Мартин Дел Потро инкасирал 5.917.766 долари.

Scroll to Top