Top Sport

Од светски шампион до трговец со оружје, приказната на голгетерот Винченцо Јакинта (видео)

На денешен ден пред 39 години е роден италијанскиот фудбалер Винченцо Јакинта кој е легенда на тимот на Удинезе, за кој настапуваше од 2000 до 2007 година. Потоа тој потпиша за шампионот Јувентус со кој во 2013 година го подигна најсјајниот пехар во „Чизмата“.

Сепак „шлагот на тортата“ за голгетерот од Калабрија е освојувањето на светската титула со Италија, на мундијалот во Германија во 2006 година.

Ова се убавите работи за Јакинта, сега и за оние лошите.

Јакинта е осуден на 2 години затвор поради соработка со мафијата. Во неговата куќа во декември 2015 година е пронајдено оружје и го обвиниле дека истото имал намера да го продава на мафијата. Неговиот татко Џузепе во истиот судски процес заработил 19-годишна затворска казна.

Во продолжение дел од најубавите фудбалски моменти во кариерата на Јакинта:

Scroll to Top