Top Sport

Меч на сезоната: Финалето Ѓоковиќ-Федерер во Вимблдон

Финалето што го одиграа на Вимблдон Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер АТП го прогласен за најдобар меч на Грен слем турнирот во годината што изминува. Инаку, АТП прогласи шест најдобри мечеви што се одиграа во 2019 година на Грен слем турнирите.

Новак Ѓоковиќ во 2019 година ја освои петтата титула во Вимблдон. Во финалето тој го победи Роџер Федерер, откако спаси две меч топки со 7:6, 1:6, 7:6, 6:4, 13:12. Финалето траеше четири часа и 57 минути и е најдолго во историјата на најпрестижниот турнир во светот на тенисот.

На второто место е мечот што го одиграле Стефанос Циципас и Стан Вавринка во осмина-финалето на Ролан Гарос. Швајцарецот победи 7:6, 5:7, 6:4, 3:6, 8:6.

На третото место е финалниот меч на Ју-Ес опен помеѓу Рафаел Надал и Данил Медведев. Шпанецот победи во пет сета, откако Русинот се врати по негативата од два сета: :5, 6:3, 5:7, 4:6, 6:4

Четвртото место е резервирано за пресметката што се случи во првото коло на Австралија опен помеѓу Енди Мареј и Роберто Баутиста Агут. Мечот потенцијално беше последне во кариерата на Мареј, кој подоцна по успешната операција на колкот се врати на тениските терени. Агут во Мелбурн го победи Мареј со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 6:2.

На петтото место е дуелот помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал во полу-финалето на Вилблдон. Швајцарецот го доби големиот ривал во четири сета 7:6, 1.6, 6:3, 6:4.

На шестото место е дуелот помеѓу Стан Вавринка и Милош Раониќ во второто коло на Австралија опен. Канаѓанецот победи 7:6, 6:7 , 7:6, 7:6. Раониќ во тој меч го заврши со неверојатни 39 ас сервиси.

Scroll to Top