Top Sport

„Не сум толку висок, момчето е ниско“

Пред две недели една фотографија од натпревар на У-15 тимот на Ајакс стана хит на социјалните мрежи. По таа фотографија 14 годишниот Давид Есмон стана познат во целиот свет. На „Инстаграм“ започнае да го следат 30.000 луѓе.

Фотографијата е интересна бидејќи на неа се глада големата разлика во висината помеѓу Есмон и неговиот противник од Спарта Ротердам.

„Луѓето претеруваат со фотографијата“, рекол Есмон.

„Велат дека сум висок 190 сантиметри, но јас сум висок 179 сантиметри. Тоа е до медиумите, претераа. Момчето е ниско, не сум јас толку висок“, заклучил младиот играч на Ајакс.

Scroll to Top