Top Sport

Мечот Џошуа-Пулев најрано во октомври, Тајсон Фјури ќе почека

И покрај најавите дека Кубрат Пулев се согласил да „паузира“ и да дозволи организација на супер-пресметката помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, последните вести од Англија велат дека дуелот а ИБФ титулата ќе се оддржи во октомври оваа година.

Бугарскиот тешкаш Пулев требаше да го предизвика Џошуа на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон, но поради корона вирусот мечот беше одложен, и сега промотерот на Џошуа, Еди Херн признава дека мечот ќе се случи на крајот на годината.

„Со сите работи кои се случуваат и бидејќи не знаеме дали ќе бидат дозволени навивачи, нема да биде ова лето, туку од октомври до декември. Што порано, тоа подобро, бидејќи не сакаме да имаме една година меѓу мечеви, а Џошуа го победи Енди Руиз во декември“, вели Херн за „Дејли мејл“.

Промотерот на Пулев, Боб Арум пак неодамна изјави дека мечот најверојатно ќе се организира во Саудиска Арабија или Кина.

Scroll to Top