Top Sport

Медисон Киз со трофејот од Синсинати се враќа во топ 10

Американката Медисон Киз ја освои најголемата титула во својата кариера, откако со 7:5/7:6(5) ја совлада руската ветеранка Светлана Кузнецова во финалето на Синсинати опен, резултат кој од понеделник ќе ја врати меѓу топ 10 тенисерките на светот.

24-годишната Киз, која играше во полуфиналињата на Австралија опен во 2015 и на Ролан Гарос минатата година, сега има пет титули во кариерата и ќе биде блиску до својот највисок пласман на ВТА листата (7. место во 2016 година).

34-годишната Кузнецова пак, која претходно ја победи Ешли Барти за да ја спречи да се врати на првото место на ВТА листата, ја бркаше својата 17-та ВТА титула и прва од Мастерсот во Индијан Велс во 2017 година, откако оваа година направи кам-бекот по долгата пауза поради повреда.

Scroll to Top