Данил Медведев го доби четврт-финалниот дуел со сонардникот Андреј Рубљов, на Австралија опен. Медведев, ја оправда улогата на фаворит, подобро се прилагоди на тешките временски услови и на крајот победи во три сета (7/5, 6/3, 6/2).
Мечот траеше 126 минути, а Рубљов најголем отпор пружи во првиот сет, во кој Медвдев направи брејк во шестиот гем, а Рубљов му возврати во наредниот. Клучниот момент, не само за првиот сет туку и за целиот меч, се слуи во 12 гем, кога Рубљов дозволи брејк без да освои поен.
За Медведев ова беше 19 победа во низа и се наметнува како фаворит за освојување на титулата.
Со победата над Рубљов, Медведев се избори од понеделник да биде трет на АТП листата, а доколку го освои турнирот, тогаш ќе „скокне“ на второто место.
Медвдев, во полу-финалето, ќе игра против победникот од последното четврт-финале, во кое ќе играат Рафаел Надал и Стефанос Циципас.