Рускиот тенисер Данил Медведев успешно го започна настапот на Австралија опен. Медведев, во првото коло, со максимален резултата го победи Швајцарецот Хенри Лаксонен.
Медведев за еден час и 57 минути забележа победа 6/1, 6/4, 7/6.
Вториот носител, во првиот сет два пати му го одзеде сервисот на противникот и лесно го реши овој период од мечот. Во вториот, направи еден брејк, во петтиот гем и го освои вториот сет.
Лаксонен голем отпор пружи во третиот сет, но не успеа да му се спротивстави на фаворитот во тај-брејкот.
Медведев во второто коло ќе игра против Ник Кирјос или Лијам Броди.