Првите четири носители на мастерс тенискиот турнир во Синсинати обезбедија пласман во полуфиналето на турнирот.
Најдоминантен беше рускиот тенисер Данил Медведев кој на Шпанецот Пабло Карено Буста му препушти само два гема во победата.
Никакви проблеми за пласмам меѓу четворицата најдобри немаше ниту олимпискиот шампион, Александер Зверев. Тој од Норвежанецот Руд загуби само 4 гема во двата сета.
Во три сета победи забележија и Циципас против Оже-Алијасим, односно Рубљов против контроверзниот Беноа Пер.
Ова се сите ноќешни резултати:
Рубљов – Пер 2-1 (6-2 3-6 6-3)
Медведев – Карено Буста 2-0 (6-1 6-1)
Циципас – Оже-Алијасим 2-1 (6-2 5-7 6-1)
Зверев – Руд 2-0 (6-1 6-3)
Двојките за полуфинале во Синсинати се:
Медвдев – Рубљов (мечот започнува денеска во 19 часот)
Циципас – Зверев (мечот започнува ноќеска на полноќ)