Top Sport

Медведев е број 1 на АТП листата

Данил Медведев е новиот број 1 во светскиот тенис. Тенисерот од Русија на првата позиција го наследи Новак Ѓоковиќ. Србинот на првото место се наоѓаѓе од 20.јануари 2020 година, вкупно во кариерата 361 недела бил на првото место.

Медведев го презеде врвот, по поразот на Ѓоковиќ од Јиржи Весели во четврт-финалето на турнирот во Дубаи.

Разликата помеѓу Медведев и Ѓоковиќ изнесува 150 поени. Инаку, Ѓоковиќ на 13.март ќе се врати на првото место, бидејќи Медведев нема га ги брани поени освоени лани на турнирот во Марсеј.

Трет во светот е Александар Зверев, а Рафа Надал по победата во Акапулко се проби на четвртото место. Шпанецот го потисна Стфанос Циципас на петтото место. Андреј Рубљов, победникот во Дубаи, дојде до шестата позиција, седми е Матео Беретини.

Во Топ 10 уште се и Каспер Руд, Феликс Оже-Алијасим и Хуберт Хуркач.

Scroll to Top