Top Sport

Медведев го декласира Зверев во Париз

Рускиот тенисер, Данил Медведев го декласира Александар Зверев и се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз. Медведев победи со 6/2, 6/2. Зверев во финалето ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кој претходно го победи Хуберт Хуркач и го обезбеди првото место на АТП листата.

Медведев максимално ја искористи лошата игра на Германецот, кој беше нервозен и правеше многу грешки. Зверев кршеше рекети и со своето однесување само му ја олесни задачата на Медведев.

Рускиот тенисер, во двата сета, направи по два брејка, во вториот сет, на првиот сервис загуби само еден поен.

Зверев на крајот имаше 36 неизнудени грешки.

Scroll to Top