Титулата која ја освои на турнирот во Марсеј на Данил Медведев му го овозможи да го скокне Рафаел Надал, на второто место на АТП листата. Медведев успеа да го растури монополот на првите две позиции, на кои во последните 15 години се менуваа четворица тенисери: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Енди Мареј.
Последна листа на која двајца од овие четворица не биле на првите две места датира од 18.јули 2005 година. Тогаш на првото место бил Федерер, а зад него Лејтон Хјуит.
Од 25.јули 2005 година до 15.март 2021 година, поминаа 794 недели, на кои членовите на „големата четворка“ ги држеа првите две места.
Скокот што го направи Медведев е единствената промена во Топ 10 за оваа недела.
Новак Ѓоковиќ ја започна 312 недела на првото место, Медведев е втор , а потоа следуваат Надал, Тим, Циципас, Федерер, Зверев, Рубљов, Шварцман и Беретини.