Top Sport

Медведев и Серена со доминантни победи на Ролан Гарос

Иако самиот вели дека мрази да игра на земјена подлога, вториот носител Данил Медведев покажа фантастична форма за да се пласира во четвртото коло на Ролан Гарос, победувајќи го Американецот Рајли Опелка со 6:4/6:2/6:4 за само еден час и 48 минути игра.

Русинот можеби не е фаворит за титулата во Париз, но е во фантастична форма – во првите три меча загуби само еден сет и има одлична ждрепка, избегнувајќи ги фаворитите Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер до финалето. Следен за него е Чилеанецот Кристијан Гарин, кој со 6:1/5:7/6:2/6:2 го совлада Американецот Маркос Џирон.

И светската тенисерка број 8, Серена Вилијамс имаше лесен пат до четвртото коло, победувајќи ја американската сонародничка Даниел Колинс со 6:4/6:4 по час и 24 минути игра. 23-кратната гренд слем шампионка  во четвртото коло ќе игра со 21. носителка, Елена Рибакина, која со 6:1/6:4 ја победи сонародничката Елена Веснина.

Scroll to Top