Рускиот тенисер Данил Медведев ја освои титулата на турнирот во Доха. За Медведев ова е втора титула од почетокот на годината, претходно го освои турнирот во Ротердам.
Рускиот тенисер во финалето по 106 минути игра го победи и поранешниот број еден Британецот Енди Мареј со 6:4, 6:4. Ова беше нивни трет дуел и трета победа на Медведев.
Покрај 250 поени, за триумф му беше доделен и чек од 209.445 долари.