Данил Медведев ја продолжи дискусијата со Александер Зверев, откако германскиот тенисер го нарече Русинот еден од „најнефер“ тенисерите на АТП турнејата по нивниот меч во Монте Карло.
Медведев стигна до 3:6/7:5/7:6(7) победа над Зверев во третото коло од турнирот, спасувајќи две меч-топки, по што Зверев тврдеше дека ја загубил концентрацијата од паузата за тоалет кој ја направил Медведев во средината на третиот сет.
„Има 90 тенисери на турнејата со кои сум добар пријател. Со можеби 50 не сум пријател, но имам добри односи. Затоа се чувствувам лошо кога ќе се случии вакво на теренот. Што му пречеше сега? Паузата за тоалет? Па, морав да уринирам. По паузата тој ги освои следните два гема, сервираше за меч, и потоа вели дека паузата му пречела. Саша Зверев живее во свој свет. Кога ќе изгуби ќе најдете 25 интервјуа во кои кажува чудни работи. Затоа кога ќе каже дека нешто не е фер, тогаш ќе треба да му кажеме да се погледне во огледало“, вели Медведев.