Top Sport

Рубљов со маестрален камбек го освои Мастерсот во Монте Карло

Рускиот тенисер Андреј Рубљов ја освои својата прва Мастерс 1000 титула во кариерата, откако во драматично финале во Монте Карло се врати од сет негатива за 5:7/6:2/7:5 победа над Данецот Холгер Руне.

Рубљов не само што прво се врати од сет негатива, во третиот сет губеше со 1:4 и имаше 0:30 на свој сервис, пред да ја спаси ситуацијата и да направи пресврт за најголема победа во неговата кариера.

19-годишниот Руне направи брејк во шестиот гем за 4:2 водство во првиот сет, но Рубљов се врати со брејк во деветтиот гем за да израмни, по што Данецот, конечно, го освои сетот со нов брејк. Рубљов доминираше во вториот сет правејќи три брејка за да осигура трет сет, кој беше најдраматичен. Руне направи брејк во најдолгиот гем од мечот, за да поведе со 4:1. Но, Рубљев не се предаде и со своите 33 диркетни победнички топки, направи вистинска сензација со камбекот.

Ова е 13-та титула во кариерата на 25-годишниот Рубљов и најголема во кариерата, додека тинејџерот Руне одеше на втора АТП Мастерс 1000 титула по трофејот од Париз минатата година. Тој е првиот тинејџер со финале во Монте Карло по Рафаел Надал во 2006 година.

Scroll to Top