Top Sport

Медведев: Мојата сопруга сигурно го искрши телевизорот

Данил Медведев беше грациозен во поразот во маратонското финале на Австралија опен од Рафаел Надал, иако претходно неколку пати повторно беше во дискусија со судијата на столче нарекувајќи ги навивачите „луѓе без мозок“.

„Тешко е да се зборува по 5 меча и по пораз, но сакам да му честитам на Рафа за успехот. По мечот го прашав дали е уморен, бидејќи го крена нивото по два сета. Ти си голем шампион, и честитки за тебе и твојот тим. Обично мојата сопруга е во боксот, но верувам дека сега мојот телевизор дома е скршен. До моето семејство, ако уште гледаат, ќе се обидам да бидам подобар во иднина“, изјави Медведев по поразот.

Публиката во Мелбурн, дефинитивно не беше на страната на Русинот од стартот на турнирот, кога ги нарече тие кои свиркаат меѓу сервиси „луѓе со ниска интелигенција“ и Медведев имаше уште еден разговор со судијата во финалето, овојпат нарекувајќи ги „луѓе со празен мозок“.

„Тие се навистина смешни. Без мозок, а? Празни мозоци. Мора да им оди лошо во животот“, коментираше Русинот откако ги освои вториот сет.

Scroll to Top