Рускиот тенисер Данил Медведев му го нанесе првиот пораз на Новак Ѓоковиќ денеска го доживеа првиот пораз во 2023 година. Светскиот рекет број 1 вечерва беше поразен во полуфиналето на турнирот во Дубаи.
Медведев победи со 2:0 во сетови (6:4, 6:4) по еден час и 35 минути игра.
Во борбата за трофејот во Дубаи, Медведев ќе се бори против сонародникот Андреј Рубљев, кој претходно во првото полуфинале го совлада Германецот Александар Зверев со 2:0 во сетови (6:3, 7:6).
Во првиот сет рамноправна борба се водеше само во првите четири гема, а потоа Медведев успеа да направи два брејка поведувајќи со 5:2, па ниту брејк во осмиот гем не беше доволен за Новак да направи пресврт.
Подобра игра на рускиот тенисер и во вториот сет, тој веднаш поведе со 2:0 и таа предност ја задржа до крајот на мечот.