Top Sport

Медведев му се смее на Циципас за „плачењето“ пред неговата мајка

Руската тениска ѕвезда Данил Медведев го критикуваше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, откако тој тврдеше дека неговите соиграчи од Лејвер купот го „натерале“ да пие водка, велејќи дека веќе не може да го сфати сериозно.

По победата на Европа на Лејвер купот покрај Роџер Федерер, Рафаел Надал, Циципас на Јутјуб објави видео во кое ги обвини колегите дека го натерале да пие „водка и кока кола“ во порака до неговата мајка.

Медведев, кој зборуваше на домашниот Кремљ куп во Москва (од кој се откажа поради повреда), се потсмеваше со Циципас и велејќи дека никој веќе не може да го сфати сериозно.

„Секој тенисер може да се шегува со некој друг. Но, ќе кажам едно нешто – по тоа видео до неговата мајка, тешко е да го сфатиш сериозно. Зборував со повеќе луѓе од тенисот, не само Руси, и сите му се смеат. Зошто? Па ја моли својата мајка“, вели Медведев.

Во видеото, Циципас се обраќа кон неговата мајка, поранешната советска и грчка тенисерка, Јулија Сергејевна Апостоли, да и каже дека не му се допаѓала водката.

„Беше одвратно, многу лошо. Мама, ме натераа да пијам. Ќе ти го покажам видеото, тие ме натераа“, вели Циципас во видеото.

Scroll to Top