Русинот Данил Медведев го освои својот прв трофеј во 2020 година, откако со фантастичен камбек се врати од сет негатива против Александер Зверев и победи со 5:7/6:4/6:1 за да го освои Мастерсот во Париз, последниот редовен турнир од АТП турнејата.
Германецот Зверев имаше низа од 13 победи едноподруго и го имаше победено Медведев во пет од претходните шест дуели, но 24-годишниот Русин ја покажа својата упорност – иако беше на два гема од пораз во два сета, го одигра својот најдобар меч во кариерата за импресивна победа.
За Медведев ова е трета Мастерс 1000 титула во кариерата по триумфите во Синсинати и Шангај во 2019 година, и сега ќе треба да почне да се подготвува за настап на АТП финалето во Лондон, каде што играат најдобрите осум тенисери оваа сезона, вклучувајќи го и Зверев.
King of Paris ?@DaniilMedwed reigns over Zverev 5-7, 6-4, 6-1 to capture a first title in Bercy!#RolexParisMasters | ?: @TennisTV pic.twitter.com/MeLaZEvpc1
— ROLEX PARIS MASTERS (@RolexPMasters) November 8, 2020