Top Sport

Медведев: Откако се оженив, играм фантастично

Еден од најталентираните руски тенисери, Данил Медведев вели дека откако минатата година се ожени за својата долгогодишна девојка Дарја, почнал да игра драстично подобро, со што неодамна влезе во топ 10.

„Таа е најважниот член на мојот тим и секогаш ми дава голема сасмодоверба. Признавам дека моментот кога ја побарав за жена, е моментот по кој ми ’тргна’. По Вимблдон минатата година. Бев на 65. место на АТП листата и до крајот на годината бев 15-ти. Таа прави многу за јас да играм подобар тенис. Зборувам за мали работи во животот кои претходно ми беа пречка, а сега ми се уживање“, вели Медведев.

Scroll to Top