Top Sport

Клоп дозволи неговите фудбалери да го допрат славниот знак „Ова е Енфилд“

Јирген Клоп е човекот кој е најодговорен за препородот на славниот Ливерпул, откако од 2016 година го направи клубот еден од најсилните во Англија и Европа, а по победата над Тотенхем од 2:0 во финалето на Лигата на шампионите, тој конечно им дозволи да го допрат славниот знак „Ова е Енфилд“ пред стартот на мечевите.

Уште кога пристигна во Ливерпул, тој беше јасен:

„Им кажав на фудбалерите да не го допираат знакот ’Ова е Енфилд’ додека не освојат нешто. Тоа е почит. Јас го допрев кога бев менаџер на Борусија Дортмунд и загубивме со 4:0. Затоа, тоа ќе биде дозволено кога ќе освоиме нешто. Ова е голем клуб со историја како планина“, изјави тогаш Клоп.

На вчерашниот прв меч од новата сезона во Премиер лигата, капитенот Џордан Хендерсон и другите фудбалери конечно го направија ова.

Scroll to Top