Top Sport

Медведев пак подобар од Зверев, триумфот го посвети на тој што најмногу свиркаше

Данил Медведев го совлада Александер Зверев третпат во низа за да се пласира во четврт-финалето на Италија опен во Рим, иако постојано беше исвиркувана од публиката.

Медведев прво го совлада Германецот во Индијан Велс, а потоа и во Монте Карло, кога двајцата се расправаа и потоа се препукуваа во медиумите, но пред мечот двајцата кажаа дека се смириле и овојпат немаше искри на теренот, покрај постојаните свирежи за рускиот тенисер.

Медведев го доби првиот сет со два брејка за 6:2, но потоа во вториот наиде на далеку помотивиран Зверев, по еден брејк за двајцата, за да се игра тај-брејк. Медведев го доби со 7:3 за свое прво четврт-финале во Рим. Следен за него е уште еден Германец, квалификантот Јаник Хафман. Победата беше посветена на најгласниот навивач на трибините.

Scroll to Top