Top Sport

Медведев по елиминацијата во Мајами: Се чувствував како риба на суво

Данил Медведев не успеа да се врати на првото место на АТП листата. Рускиот тенисер загуби во четврт-финалето, на мастерсот во Мајами, од Полјакот, Хуберт Хуркач.

Поразот на Медведев во Мајами, значи дека Новак Ѓоковиќ ќе остане на првото место на АТП листата. Од понеделник, со 10 поени повеќе од Медведев, Ѓоковиќ ќе ја започне 364.недела на врвот.

Медведев, во текот на мечот, имаше физички проблеми, особено тоа беше забележливо во вториот сет, кога побара и медицински тајм-аут.

„Не се чувствува добро, но се случува тоа. Не ја знам причината, можеби дека беше премногу топло. Во соблекувалната, пред почетокот на мечот, имав грчеви, физички не се чувствував добро. Бев многу уморен. Се чувствував како риба на суво. Но и тоа е дел од спортот“, рекол Медведев.

Scroll to Top