Данил Медведев, очекувано, избори пласман во финалето на Завршниот мастерс. Бранителот на титулата, во два сета, во првото –полу-финале на турнирот, го победи Норвежанецот Каспер Руд.
Медведев за 80 минути го доби дуелот со Руд 6/4, 6/2. Вториот носител на турнирот, направи еден брејк во првиот сет, што му беше доволно за водство од 1:0.
Во вториот Руд имаше егал во првите четири гема, потоа Медведев со два брејка го реши мечот.
Победата над Руд беше четврта во Торино, за Медведев, откако претходно победи три пати во групата.
Противник во финалето ќе му биде победникот од второто –полуфинале, во кое ќе играат Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.