Бранителот на титулата на Ју-ес опен, Данил Медведев, рутински го мина второто коло. Во третата рунда го чека сензацијата од Кина Јибинг Ву. Турнирот во второто коло заврши за Феликс Оже-Алијасим кој минатата сезона играше во полу-финалето.
Медведев во три сета го совлада Французинот Артур Риндернек со 6:2, 7:5, 6:3.
Русинот не доминираше ниту од сервис, ниту во директни поени, но значително помалку грешеше од противникот, односот во неизнудените грешки беше 19-49.
Противник на Медведев во третото коло ќе му биде Ву Џибинг, 22-годишниот Кинез кој во минатото беше јуниорски шампион на Ју-ес опен, ја забележа 15-та последователна победа. За Ву ова беше 15. последовна победа, откако доминираше на челинџерите.
Ву славеше победа над Нуно Борхес со 6:7 (3-7), 7:6 (7-4), 4:6. , 6:4, 6:4 за три часа и 50 минути игра. Ву е првиот Кинез што изборил пласман во третото коло на некој од четирите најголеми турнири.
Британецот, Џејк Дрејпер (54. на АТП листата) лесно славеше во дуелот со седмиот во светот, Феликс Оже-Алијасим. Дрејпер победи со 6:4, 6:4, 6:4.
Британецот во третата рунда ќе игра против Карен Хачанов. Русинот во второто коло беше подобар од Тиаго Монтеиро од Бразил со 6:3, 6:4, 5:7, 6:4.