Светскиот рекет број 2, и актуелен шампион од АТП финалето, Данил Медведев имаше одличен старт на овогодишниот завршен тениски турнир во Торино, откако се врати од сет негатива за 6:7(5)/6:3/6:4 победа над дебитантот, Полјакот Хуберт Хуркач.
Хуркач почна фантастично, но не успеа да направи ниту еден брејк против Медведев, добивајќи го првиот сет во тај-брејк со 7:5, по што Русинот се врати во својот ритам, со стабилна игра, за да ги освои следните два сета со по еден брејк.
Вечерва се игра и вториот меч од Црвената група, во кој Александер Зверев го пречекува домашниот фаворит, Матео Беретини, додека утре почнуваат натпреварите во Зелената група, каде што се светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, кој брка 10. титула на завршниот турнир, како и Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и норвешкото изненадување Каспер Руд.
АТП ФИНАЛЕ, ТОРИНО, ЦРВЕНА ГРУПА
Данил Медведев (Рус) – Хуберт Хуркач (Пол) 6:7(5)/6:3/6:4
Александер Зверев (Гер) – Матео Беретини (Ита) 21.00 ч.