Светскиот рекет број 2, Данил Медведев ја освои својата прва титула на тревната подлога во кариерата, доминирајќи над Американецот Сем Квереј на Мајорка шампионатот за 6:4/6:2 победа.
Русинот беше фантастичен на свој сервис и не му се закани ниту една брејк топка, освојувајќи го првиот сет со еден брејк. Во вториот сет, тој направи два брејка против 33-годишниот Американец за убедлива победа.
Ова е 11. титула во кариерат за Русинот и прва која не е на хардкорт подлога. Тој е втор носител на Вимблдон, каде што има тешко прво коло против Германецот Јан-Ленард Штруф.
Во драматично финале на уште еден подготвителен турнир за Вимблдон, Истбурн шампионатот, Австралиецот Алекс де Минаур стигна до првата титула на трева со 4:6/6:4/7:6(5) победа над младиот Италијанец, Лоренцо Сонего.