Top Sport

Медведев ужива да го мразат во Њујорк

Данил Медведев вели дека не сакал да добие улога на „злосторник“ на САД опен, но дека свирежите од публиката само му даваат енергија да стигне подалеку на турнирот.

23-годишниот Медведев е во фантастична форма ова лето, со три последователни финалињ пред гренд слемот во Њујорк и многумина го сметаат за еден од младите тенисери кој ќе го преземе приматот од Надал, Федерер и Ѓоковиќ (кои ги имаат освоено последните 11 гренд слема).

Меѓутоа, неговиот темперамент го претстави во поинакво светли во Њујорк, посебно по победата во третото коло над Фелисијано Лопез – тогаш грабна пешкир од момчето кое собира топки, го скрши рекетот и покажа среден прст кон публиката, добивајќи 9.000 долари казна и многу свирежи. Но, тој наместо да се „покае“ ги крена рацете во знак на триумф и саркастично се заблагодари на публиката.

„Енергијата која вие ми ја давате ќе ми биде доволна за пет меча. Колку повеќе правите за мене, толку повеќе ќе победувам за вас, момци“, изјави светскиот рекет број 5, кој доби казна за три досегашни меча на турнирот.

Во четвртото коло против Доминик Кефер во неделата, публиката повторно не му прости, а тој реши да го прослави тоа со танц.

„Да, бев идиот претходниот меч. Направив работи за кои не сум среќен, но мислам дека на теренот сум добра личност. Сите знаеме каква може да биде публиката во Њујорк, најелектричната на светот“, вели Медведев, кој сигурно ќе биде на мета и во вторникот за мечот од четврт-финалето против популарниот Швајцарец, Стен Вавринка.

Scroll to Top