Флојд Мејведер сака да се соочи со шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, но тој е дециден дека само под услов тој да ги диктира правилата на борбата.
Борците дале усна согласност за мечот, но Хабиб сепак е зависен од УФЦ, додека Мејведер се нафаќа на борба само во боксерскиот ринг.
„Дојдоа кај мене и почнаа да разговараат со мене за борба со Хабиб. Тој ме провоцира, а јас не го предизвикав. Ми рекоа дека битката треба да се случи во кафезот. Јас сум од високата лига и ако сака да се бори со мене, тоа ќе се случи, но на мој начин и по моите правила“ – изјавил Мејведер.