Top Sport

Мејведер најави кам-бек во УФЦ, дали е можен дуел со Хабиб?

Иако само пред неколку дена изјави дека завршил со „бруталниот спорт боксот“, непоразениот Флојд Мејведер Јуниор самиот најави кам-бек, заедно со претседателот на најелитната ММА организација, УФЦ, Дејна Вајт.

„Дејна Вајт и јас работиме заедно за на светот да донесеме уште еден спектакуларен настан во 2020“, напиша Мејведер на Твитер, со интересни хеш-тагови: бокс, УФЦ и ММА.

Во интервјуто ова недела, 42-годишниот Мејведер, кој се повлече со 50-0 скор во боксерскиот ринг изјави дека „завршил“ со боксот, но призна дека може да настапува на некои егзибициски мечеви, налик на тој од минатата година кога го „уништи“ јапонскиот кик-боксер, Теншин Насукава.

Мејведер се врати од пензија во 2017 година и заедно со Вајт го организираше дуелот во боксерскиот ринг против Конор Мекгрегор. Не е јасно дали тие ќе работат само на заеднички проекти или Мејведер ќе влезе во УФЦ октагонот. Неодамна, Мејведер беше директно поврзуван со дуел со УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, човекот кој исто така го победи Мекгрегор во богат меч минатата година.

 

View this post on Instagram

 

@danawhite and I working together again to bring the world another spectacular event in 2020. #boxing #UFC #mma #mayweatherpromotions

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather) on

Scroll to Top