Top Sport

Мејведер: Не се фотографирам со момци со лакирани нокти

Боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор имаше непријатно искуство со еден свој фан, кому му беше одбиено барањето за селфи со боксерот бидејќи неговите нокти биле излакирани црно.

Непоразениот Мејведер останува еден од најпрепознатливите американски спортист и покрај тоа што се повлече од професионалниот бокс во 2017 година по победата над конор Мекгрегор, така што не беше чудно што на саботниот НБА меч помеѓу Лос Анџелес клиперс и Мемфис гризлис во „Стејплс арената“ беше на мета на неговите фанови.

„Имаш лакирани нокти, не се фотографирам со момци со лакирани нокти“, вели Мејведер во видеото во кое тинејџерот е истуркан од неговите телохранители.

Scroll to Top