Top Sport

Мејведер потрошил 5,3 милиони долари за 30 минути

Американскиот боксер Флојд Мејведер ужива во своето богатство, а често знае да се фали на социјалните мрежи со својот „кеш“ или со скапите работи што ги купува.

Минатата недела, боксерот, во дуќан за дијаманти и злато во Беверли Хилс потрошил 5,3 милиони долари. најпрвин потрошил 2,3 милиони долари за дијамантска алка, а потоа како што на новинарите им раскажала една од вработените, потрошил уште три милиони долари на шест различни парчиња накит.

Инаку, Мејведер во продавницата се задржал 30 минути.

Минатото лето, славниот боксер, потрошил 18 милиони долари за часовник кој има 239 дијаманти.

 

Scroll to Top