Флојд Мејведер јуниор очигледно ужива во животот на пензионер. Боксерската легенда на својот Инстаграм профил објави фотографии со три жени во кожени маски со легенда: „Само една е блиску до ниедна“.
40-годишниот Мејведер ја заврши кариерата во август, кога го победи Конор Мекгрегор во меч кој многумина го нарекоа „фарса“, поради малото боксерско искуство на УФЦ ѕвездата Мекгрегор, но тој заработи над 200 милиони долари само од тој меч. Мејведер со оваа победа стигна до 50-0 скор, израмнувајќи се со легендарниот Роки Марчано.