Флојд Мејведер Јуниор, уште еднаш го докажа сопствениот прекар Money (Пари), откако се пофали дека заработил 100 милиони долари за контроверзниот егзибициски меч против Логан Пол, велејќи дека се работело за „легализиран спаринг“.
44-годишниот Мејведер боксуваше со Јутјуберот во меч од 8 рунди овој месец, меч во кој не се прогласи победник, но не успеа да го победи 26-годишниот Американец. Дел од боксерските фанови сметаа дека се работи за срамен потег на боксерот со 50-0 скор, но Мејведер нема проблеми со тоа.
„Јас сум единствената личност која може да има лажен меч и да заработи 100 милиони долари. Како да одиш на легализиран спаринг и да земеш толку пари. Дали сум најдобриот ограбувач на банки на светот? Не знам кој на моја возраст во боксот може да направи вакво нешто“, вели Мејведер.