По минатогодишниот боксерски меч меѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мекгрегор, кој донесе милиони долари, се чинеше дека приказната е завршена, но сега повторно има „знаци“ дека двајцата се подготвуваат за меч – и тоа во октагонот.
Мејведер призна дека разговарал со шефот на УФЦ, Дејна Вајт за можен дуел со Мекгрегор, како „совршен“ реванш на локација која повеќе би му одговарала на Мекгрегор. Мејведер потоа изјави дека „би можел“ да заработи милијарда долари во четири меча во УФЦ.
Сега, Мејведер ги „загреа“ своите фанови со постирање на откагон преку Инстаграм.
Ова не помина без реакција на Мекгрегор.
„Хахаха, многу добро. Продолжи со добрата работа сине. Твојот, сениор“, напиша Мекгрегор.
Hahahaha very good. Keep up the good work my son.
Yours sincerely,
Senior. https://t.co/Qk3U69isTS— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) January 30, 2018
Ова најверојатно е само уште еден обид на двајцата да добијат самопромоција, додека фановите само можат да чекаат на официјално соопштение.