Top Sport

Мекгрегор честеше 4.000 евра во паб во Даблин!

Конор Мекгрегор, како и многу Ирци божиќните празници ги помина по локалните пабови, и во еден од нив направи „цех“ од 4.000 евра за добра забава на редовните муштерии.

Ирската ММА ѕвезда се појави во „Блек форџ ин“ во Дримнаг, Даблин, заедно со шишиња на неговото виски „Пропер Твелв“, а Лајам Флин, ко-сопственикот на пабот вели дека било фантастично да се биде со Конор.

„Тој дојде и ширеше љубов. Честеше една рунда за сите во пабот, што беше некаде 3.500-4.000 евра. Тоа беше неверојатен гест, но Конор е момче што никогаш не заборавило од каде доаѓа. Уште ги има истите пријатели, и иако шета по цел свет, ќе дојде и ќе разговара со мене и ќе се ракува кога ќе е во близина“, вели Флин за „Ајриш Мирор“.

 

View this post on Instagram

 

Raspberry knuckles who’s next

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

 

View this post on Instagram

 

Happy holidays from all at the Black Forge Inn, Dublin 12. @theblackforgeinn @properwhiskey

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Scroll to Top