Top Sport

Мекгрегор: Дагестанците и Нурмагомедов се кукавици

Поранешниот УФЦ-шампион, Конор Мекгрегор, во Москва објавил дека во рингот ќе се врати на 18 јануари наредната година. Ирецот, не го открил името на противникот, само рекол дека борбата ќе одржи во Лас Вегас.

Мекгерогор немал борба повеќе од една година кога беше поразен од лутиор ривал Хабиб Нурмагомедов. По тој пораз два пати објавуваше крај на кариерата, но гледано од оваа дистанца сето тоа бил маркетинг-трик.

„Одлично се чувствувам, најдобро до сега. Го договоривме датумот со УФЦ, договорен е и противникот. Би сакал да в кажам за кого се работи, но не смеам, бидејќи во УФЦ се лукави и ќе направат промени. Доколју тоа ве интересирате ќе мора тоа да го дознаете од нив“, рекол Ирецот не заборавајќи да испрати „отровни“ пораки кон Нурмагомедов.

„Ме прашувате дали ќе се бориме повторно? Јас сакам, не знам дали и тој сака. Москва и Русија заслужуваат реванш. Но тој сега ќе се бори само со оние што ќе може да ги победи. Суте знаеме какви се Дагестанците. Тие бегаат, тие се кукавици, таква е нивната природа. Ете, избега и одовде од својата прес-конференција. Меѓу нас владее големо ривалство кое се надевам дека наскоро ќе биде решено“.

Конор Мекгрегор во кариерата имал 25 борби, забележал 21 победа.

Scroll to Top