Top Sport

Кирјос му се закани на колегата Руд

Дуелот помеѓу Ник Кирјос и Норвежанецот Каспер Руд одигран во мај на Мастерсот во Рим, во четвртокот доби свое продолжение.

За потсетување при резултат 1:1 во сетови (6/3, 6/7) и 1:1 во решавачкиот сет Кирјос влезе најпрвин во расправија со публиката, потоа и со судијата. Откако почна да ги навредува му стана јасно дека ќе добие дисквалификација, поради што се поздрави со судијата и противникот си ја собра опремата и испратен со свирежи го напушти теренот.

„Видов што се пишуваше тогаш бидејќи ја славев победата. Тој беше дисквалификуван, но доколку ги погледнете нашите меѓусебни дуели на страницата на АТП стои дека јас водам со 1:0. Дали тоа значи дека сум победил? Секако дека бев среќен што освоив 90 бодови и 50.000 долари. Кирјос? Беше целосно луд тогаш. Негов проблем е што на теренот е идиот“, рекол Руд.

Набргу преку социјалните мрежи Кирјос испратил жесток и помалку заканувачки одговор.

„Следниот пат кога ќе сакаш да ми кажеш нешто би сакал тоа да ми го кажев в лице. Сигурен сум дека потоа не би зборувал толку“, за заканил Кирјос, а потоа го коментирал стилот на играта на Норвежанецот.

„Дотогаш побргу ќе гледам како се суши бојата отколку да те гледам тебе како играш тенис. Здодевен си! Разбирам зошто го изговараш моето име…Во спротивно луѓето немаше да знаат дека си тенисер“, напишал Кирјос.

Ѓоковиќ лесно до трето коло во Рим, а Кирјос лудуваше против Руд (видео)

Scroll to Top