Ѕвездата на ММА, контроверзниот Ирец Конор Мекгрегор, наскоро би можел да се врати во октагонот. Мкгрегор во март годинава објави крај на кариерата, но бргу ја повлече одлуката кога изјави дека планира да има борба до крајот на 2019 година.
Конор на својот профил на „Твитер“ напишал: „Даблин, 14 декември“.
Dublin, December 14th.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) September 16, 2019
Многумина оваа објава ја протолкуваа како најава за неговата наредна борба. Веќе се шпекулира дека негов противник ќе биде Џастин Гејтџи кој во саботата, во Ванкувер, го победи со нокаут Доналд Серони.
Инаку, Мекгрегор посакува реванш во Москва со Хабиб Нурмагомедов, додека јавноста би посакала да гледа борба помеѓу Хабиб и Тони Фергусон.