Војната на зборови меѓу УФЦ ѕвездите Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов продолжува, откако Ирецот реши да го провоцира шампионот во лесна категорија со фотографија на местото каде што му го нападна неговиот автобус во Бруклин, Њујорк.
Поранешниот шампион во две категории, Мекгрегор постираше две фотографии во неделата навечер, една како пристигнува во „Барклис центарот“ во Бруклин пред неговиот боксерски меч пред две години и втора фотографија која покажува реакција на Нурмагомедов при нападот на автобусот пред УФЦ 223 минатиот април.
„Тоа време кога собрав три Ролс ројса во ’Барклис’, Бруклин. Јеа“, напиша Мекгрегор.
Мекгрегор со уште еден негов пријател беа уапсени по нападот на автобусот во кој беа Нурмагомедов и други УФЦ фајтери во април 2018 година. Токму на УФЦ 223 Нурмагомедов ја освои титулата со победа над Ал Јакинта, по што во октомври ја одбрани титулата со победа над Мекгрегор.
View this post on Instagram
That time I rallied 3 rolls Royce’s into the loading bay of the Barclays centre, Brooklyn. Yeehaaaa