Top Sport

Ковачиќ останува во Челси, станува најскапиот хрватски фудбалер

Челси официјално го добива Матео Ковачиќ од Реал Мадрид на постојан договор по едногодишната позајмица, со што стана најскапиот хрватски фудбалер во историјата со трансфер од најавени 50 милиони евра.

25-годишниот Ковачиќ ќе биде фудбалер на Челси до 2024 година, и иако „сините“ имаат забрана за трансфери, неговиот трансфер ќе биде дозволен бидејќи тој веќе беше позајмен фудбалер. Минатата сезона, тој одигра 51 натпревар за Челси собирајќи повеќе минути игра од претходните три сезони во Реал.

Претходниот рекорд за најскап хрватски фудбалер ја имаше самиот Ковачиќ, со трансферот од Интер во Реал за 35 милиони евра.

Scroll to Top