Top Sport

Мекгрегор и Мејведер во преговори за ри-меч?

Флојд Мејведер Јуниор преговара за сензационален ри-меч против Конор Мекгрегор, открива неговиот татко.

Двете спортски легенди се сретнаа во боксерскиот ринг минатото лето, кога Мејведер стигна до нокаут во 10. рунда, со што се веруваше дека „работите се средени“ по контроверзите пред мечот, и двајцата заминаа дома со големи чекови.

Мекгрегор најави враќање во УФЦ со дуел со Хабиб Нурмагомедов, но Флојд Мејведер Сениор вели дека неговиот син наскоро ќе се врати за нова борба со Ирецот.

„Разговарат со него и мислам дека ќе има меч. Така изгледа од сегашната ситуација. Не го знам тоа сигурно, но мислам дека мојот син сака да се бори повторно. Мекгрегор сака пак да влезе во рингот и да покаже што знае, а тоа е ништо, и мислам дека Флојд ќе го реши лесно“, изјави Мејведер Сениор.

Scroll to Top